Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тема број 1 на Островот е потенцијалниот трансфер на Александер Исак во Ливерпул. Тоа е прашање кое многу ги мачи сите во Њукасл, а легендата на тој клуб, Алан Ширер, истакнува дека ‘Свраките’ мораат брзо да реагираат.
Една од најголемите легенди на Њукасл, па и на Премиер Лигата, напиша авторски текст за BBC Sports за ситуацијата во Њукасл, со акцент на трансфер сагата на Александер Исак.
– Не знам како и зошто е дозволено да се случи ова, но факт е дека ова е катастрофален преоден период. Ги пропуштија сите главни цели и над сето тоа ја имаат оваа ситуација со Исак. Мораат да ја решат, а тоа нема да биде лесно. Како што си замина и Калум Вилсон, тие мораат да донесат два напаѓачи ако замине и Исак. Инаку не можат да го пуштат – рече Ширер.
Смрета дека првата понуда на Ливерпул од 127 милиони евра не беше сериозна.
– Не можеш да го добиеш Исак за тие пари. За тие пари беа купувани Деклан Рајс, Енцо Фернандес, Џек Грилиш, а ние зборуваме за напаѓач кој во две сезони постигнал 44 премиерлигашки голови. Поблиску до реалноста е цената што Њукасл ја одреди околу 150 милиони евра.
Фото: Принтскрин