Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алдаир Сапало Амаро Нето е трето зимско засилување за Шкендија, а 25-годишниот фудбалер доаѓа од Бангор сити од Велс и настапува како крилен напаѓач.
Португалецот потпиша шестмесечен договор со екипата од Тетово, но договорот може да му биде продолжен на уште две години доколку го покаже својот квалитет.
„Чест ми е што потпишав за Шкендија и се надевам на добра игра. Верувам во позитивни работи и сакам да се заблагодарам на управата на клубот која ми ја даде нивната доверба. Првиот ден кога дојдов во Македнија го гледав мечот против Вардар и видов дека нашиот тим е многу добар“, вели Португалецот.
Фото: Шкендија