Шкендија потпиша со напаѓач од Брегот на Слоновата коска


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот македонски шампион Шкендија го претстави најновото засилување за следната сезона, а тоа е 29-годишниот Дауда Бамба од Брегот на Слоновата коска.

Бамба ги поминал медицинските прегледи и потпишал двегодишен договор со Шкендија, а во Тетово доаѓа од турскиот клуб Умранијеспор.

Искусниот напаѓач во кариерата играше и во Норвешка, каде што го носеше дресот на Бран, Кристијансунд и Консвингер и одигра 200 меча, а постигна 70 голови.