Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денеска се одиграа пет натпревари во второто коло на македонската Прва лига, а скопското дерби го доби Шкупи со 1-0 против Вардар.
„Црвено-црните“ понудија интересен фудбал и се бореа во текот на целиот натпревар, но на десетина минути пред крајот Нилтињо ја затресе мрежата на Гачевски.
Брера Струмица славеше и во второто коло, а нивна „жртва“ беше Воска Спорт (2-0), додека Гостивар загуби со 0-3 од Тиквеш.
Македонија Ѓорче Петров беше подобра од Брегалница со 1-0, додека Работнички загуби од Силекс со 0-2.