Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот шампион Шкупи ги дозна потенцијалните противници во третото коло од квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ).
Шкупи би можел да се соочи против бугарски Лудогорец или ирски Шамрок роверс, но претходно ќе мора да направи сензација против Динамо Загреб.
Ако се случи тоа, тогаш Шкупи ќе биде гостин на 2 или 3 август, додека реваншот би се играл во Скопје на 9 август.
Чаирчани во 13 часот ќе го дознаат и потенцијалниот ривал за третото коло во Лига Европа, каде што ќе продолжат со натпреварувањата ако испаднат од Динамо.