Шкупи ќе се соочи против Динамо Загреб ако го мине Линколн во ЛШ!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот шампион Шкупи на денешната ждрепка за второто коло во Лигата на шампиони (ЛШ) дозна дека би можел да се соочи со хрватскиот гигант Динамо Загреб.

Шкупи во првото коло ќе се соочи против Линколн Ред Импс од Гибралтар, а ако го помине, во второто коло ќе се соочи со тимот на македонските репрезенативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Линолн не е лесен противник на теренот, иако можеби така делува на хартија, затоа што минатата сезона играше во групната фаза на Конференциската лига.

Доколку Шкупи биде елиминиран од Линколн, тогаш натпреварувањето во Европа ќе го продолжи во второто квалификациско коло од Конференциската лига.