Шкупи се „тресеше“ против Линколн, но сепак избори меч против Динамо и 1,3 милиони евра!.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот шампион Шкупи загуби на гостувањето во Гибралтар кај Линколн Ред Импс со 0-2, но благодарение на триумфот од 3-0 во првиот меч се избори за плејоф во Конференциската лига.

Чаирчани во следното коло ќе играат против Динамо Загреб, кој е апсолутен фаворит, но и да испадне не треба да се грижи затоа што Шкупи ќе заигра во третото коло на Лига Европа.

Дури да случи и таму да испадне, тогаш чаирчани ќе заиграат во плејофот на Конференциската лига и ќе бидат на праг до групната фаза.

Поради ова Шкупи има обезбедени 1,3 милиони евра, а доколку се изборат за групна фаза во Конференциската лига, тогаш тимот од Чаир ќе добие 2,9 милиони евра.