Шкупи со три погодоци го наполни голот на Вардар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар издржа едно полувреме во дербито против Шкупи, по што екипата од Чаир постигна три гола и славеше со 3-0.

Гачевски беше на висина на задачата во првото полувреме, но Шкупи во вториот дел се разигра и преку Дуду поведе со 1-0.

Ристовски беше исклучен во 64. минута поради втор жолт картон, а потоа Трапановски погоди за 2-0, додека конечниот резултат го постави Гронер.

Вардар остана на 10. место со 26 бодови по 25 одиграни кола, додека Шкупи се израмни со лидерот Струга и има 51 бод.