„Шлаканица“ и од Вест Хем за Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед се поврзува со ангажман на стоперот на Вест Хем, Иса Диоп, меѓутоа клубот од Лондон нема намера да го продаде својот играч.

„Ѓаволите“ се подготвени да платат 45 милиони фунти за овој играч, меѓутоа „чеканите“ не планираат да го пуштат за сума помала од 60 милиони фунти.

За разлика од Ван Бисака кој сака трансфер на „Олд Трафорд“, Иса Диоп изразил подготвеност да остане во Вест Хем и да брза за трансфер во Манчестер Јунајтед.

Неговиот агент наводно го советувал дека доколку одигра уште една сезона како минатата во Вест Хем, за него ќе стигнат далеку побогати понуди од ПСЖ и Барселона, а ќе добие и повик од селекторот на репрезентацијата на Франција.