„Шлаканица“ за Лука Модриќ од соблекувалната на Реал Мадрид


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Јавноста во Мадрид тешко ја поднесе бламажата на Реал кај Арсенал (3:0) во првиот дуел од четвртфиналето на Лигата на шампионите, па се зборува за многу недостатоци внатре во тимот. Сега одредени медиуми јасно удираат по Лука Модриќ и тврдат дека соблекувалната нема вистински лидер.

Лука Модриќ е именуван за капитен на Реал. Одлуката да му се додели капитенската лента е донесена по заминувањето на Начо Фернандез, а прв заменик стана Дани Карвахал.

Модриќ и Карвахал се играчите со најдолг стаж во првиот тим и тука многу дилеми немаше, но „Релево“ наведува дека проблемот во соблекувалната всушност е фактот што Лука не е вистински лидер.

„Извори од Валдебебас велат дека соблекувалната недостасува лидери какви што имале минатата сезона. Дани Карвахал не е тука поради повреда, а заминаа Тони Крос и Начо“, наведува „Релево“.

Фото: Реал Мадрид/FB