Шлаканица за најбогатиот клуб во светот: Наместо ѕвезди, купува „анонимуси“?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најбогатиот тим во светот Њукасл јунајтед, чиј газда е саудискиот принц Мохамед бин Салман, во претходниот период се поврзуваше со многу фудбалски ѕвезди, како што се Џеси Лингард, Александре Лаказет, Тони Крос, Дони ван де Бек, Кевин Трипие и тренерот Унај Емери, но очигледно нема да има ништо од тоа.

Наместо ѕвезди и звучни имиња на „Сент Џејмс парк“ во јануари би можеле да пристигнат „анонимуси“, кои не се ниту квалитетни, ниту познати како фудбалерите на кои се надеваа навивачите.

Мохамед Елнени од Арсенал, Лојд Кели од Бормут, Џо Родон од Тотенхем, Свен Ботман од Лил и Матијас Гинтер се дел од играчите кои треба да го засилат Њукасл.

Премиерлигашот сезонава има освоено само 10 бодови од 15 натпревари, а до крајот на сезоната ги чека тешка битка за опстанок во првенството.

Се споменуваа и засилувања во вредност од 200-300 милиони евра, но такво нешто засега нема да се случи во Њукасл.