Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓
Фудбалерите на Арсенал синоќа остварија минимална победа од 1:0 на гостување кај Евертон и се вратија на врвот на табелата во Премиершипот.
Утрото по натпреварот носи некои навистина неверојатни вести кои се однесуваат на една ѕвезда на Арсенал која би требало да го напушти Емиратите оваа зима.
Имено, според пишувањата на медиумите од Англија, Арсенал ќе се раздели од Габриел Мартинели и тоа би можело да биде и најголемиот шок овој јануари кога станува збор за трансферите.
Крилниот фудбалер оваа сезона започна само пет натпревари во Премиершипот, а во Лигата на шампионите игра навистина одлично и постигна гол на сите пет настапи оваа сезона.
Мартинели е прв играч на Арсенал во историјата кој постигнал гол на пет последователни натпревари во Лигата на шампионите.
Според шокантната изјава на новинарите од Англија, Микел Артета одлучил да го продаде Мартинели во јануари.
Новинарот од Турција, Серџан Хамзаолу оди чекор понатаму и тврди дека од Арсенал ги понудиле неговите услуги на турскиот гигант, Фенербахче.
















