Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зделката со кинеските инвеститори пропадна, имаа право на првенствено купување до први август. Стигна нова понуда?
Повторно се во прашање азиски бизнисмени, инвестицискиот бонд Фосун кој пласира пари ширум Европа, имаат инвестиции на нашиот континент вредни околу 15 милијарди долари.
Го купија Вулверхемптон, а сега прекуХорхе Мендеш кој е еден од инвеститорите пробуваат да влезат во приказната со Милан.
Португалецот, менаџер на Мурињо и Кристијано Роналдо веќе пробуваше да го купи Милан, заедно со својот пријател Питер Лим, кој подоцна се одлучи за Валенсија.
Тогаш понудата беше околу 300 милиони, за дел од акциите, но Берлускони одби.
Сега ситуасцијата е подруга, понудата на Кинезите изнесува околу пола милијарда, плус бришење на долговите во висина од 240 милиони, но Берлускони одолговлекува па сега изгледа дека од таа зделка нема да биде ништо.
Мендеш и група на кинески бизнисмени од Шангај, имаат средства, а навивачите се молат ова да успее, пред се поради способностите на Португалецот да ја засили екипата со свои играчи.
Мендеш е менаџер на многу познати фудбалри, па сега во италијанските медиуми се споменуваат имиња како Карваљо, Мутињо, Бернард Силва, Мустафи, Гарај, Вела, Адријан Силва…
Во овој момент Милан е без пари во преодниот рок, парализирани од недостаток на средства, пробуваат да доведат играчи, но тоа е за Галијани невозможна мисија, се се сведува на приказната позајмица и слободни фудбалери. Таа политика во минатите години донесе несреќа, а со овој тим, нов тренер Монтела тешко може да направи било што значајно.
Поради тоа продажбата е единствено решение, но Берлускони одоговлекува и тоа клубот може да го внесе во уште поголеми проблеми во текот на наредната сезона…