Шок од Лондон, на поранешниот тренер на Ѓоковиќ му се заканува седумгодишен затвор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Борис Бекер во четвртокот се појави пред судот во Лондон поради процесот кој се води против него а е поврзан со неговиот банкрот.

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ е пред сериозен проблем затоа што му се заканува повеќегодишна казна затвор.

Бекер наводно направил пропусти во пријавувањето на својот имот поради што би можел да биде осуден на седум години затвор.

Бекер банкротираше поради долг од 2015 година кон една банкарска компанија во Англија.

Во процесот кој се води против Бекер тој се товари за дури 19 обвиненија за неточно информирање на стечајните органи.