Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вечерашната бомба на Пиринеите- Виљареал го разреши долгогодишниот тренер!
Како што е потврдено на сајтот на клубот, Марсељино Гарсија Торал повеќе не е тренер на Виљареал, а до разделба дојде само на седум дена пред првиот натпревар од плеј-офот за ЛШ против Монако.
Шпанските медиуми наведуваат дека причината за разделбата е несогласување во ставотите околу екипата во наредната сезона, поради што дојде до спогодбен раскин на договорот.
Истовремено, Марка открива дека момба на Мадригал може да биде Мануел Пелегрини, најуспешниот тренер во историјата на клубот!
Виљареал со Пелегрини на чело во сезоната 2005/06 беше на чекор од пласман во финалето на ЛШ, кога Арсенал помина понатака, иако Рикелме имаше пенал за пласман.
Истотака, Виљареал со Пелегрини две години подоцна го завзеде историското второ место на табелата од Примера, позади шампионот Реал Мадрид и пред Барселона на Рајкард.
Пелегрини е без ангажман откако неодамно ја напушти клупата на Манчестер Сити и враќање на Мадригал дефинитивно би бил вистински потег за него.