Шок во Бергамо: Јосип Иличиќ ја прекинува кариерата?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Аталанта, Јосип Иличиќ се наоѓа во најтешкиот период од својот живот и како што пишуваат одредени медиуми би можел да ја прекине кариерата.

Наводно Иличиќ имал големи проблеми поради страв од смртта откако целиот свет беше зафатен со пандемијата од коронавирусот.

По се тоа фудбалерот паднал во депресија која го натерала Иличиќ да размислува за прекинување на кареирата и заминување во пензија.

Оваа сезона Иличиќ е одличен и беше најдобриот играч на Аталанта. Токму затоа неговото неиграње против ПСЖ ќе значи голем минус за Џанпјеро Гасперини.