Шокантна насловна на култниот весник пред дербито помеѓу Интер и Рома: Лукаку и Смолинг во главна улога


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Утре ќе се одигра дерби натпреварот во Серијата А помеѓу Интер и Рома, а Corriere Dello Sport се потруди да направи скандал со својата насловна страница за овој натпревар.

Имено, насловната страница на која главни ликови се играчите со темна кожа односно напаѓачот на Интер – Ромелу Лукаку и темниот стопер на Рома – Крис Смолинг предизвика лавина од реакции во Италија.

Причината за тоа е насловот кој го спремија за своите читатели низ фотографијата на Смолинг и Лукаку, а тука со големи букви пишува „Црн Петок“.

Со мали букви под наслоовот од Corriere Dello Sport имаат напишано: „Од доаѓањето од Манчестер Јунајтед тие станаа многу важни во своите тимови, и тука завземаа став во борбата против расизмот“.

Наводно се е замислено баш како борба против расизмот и затоа фокусот на насловната страница е баш кон играчите со темна кожа.

Сепак, малкумина го сфатија начинот на кој весникот ја прикажа целата ситуација, па доби голем број замерки.