Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Ти Џеј Шортс, македонскиот репрезентативец, продолжува да ја воодушевува европската кошаркарска публика со своите извонредни настапи.
Во одлучувачкиот натпревар од плеј-ин фазата на Евролигата, тој беше лидер на тимот од Париз. Како гостински тим, тие изненадија и го поразија фаворитот Реал Мадрид, обезбедувајќи место во плејофот.
„Ова достигнување е феноменално за нас како тим. Работевме напорно преку целата сезона, поминавме низ тежок плеј-ин и на крајот ја постигнавме нашата цел. Верувавме дека можеме да го победиме Реал Мадрид и успеавме да го направиме тоа. Сега, нашето граница е само небото“ изјави Шортс.
Шортс го заврши натпреварот со импресивни 23 поени, девет асистенции и два скока, потврдувајќи ја својата класа и значење за тимот во првата сезона во најелитното европско натпреварување.
Фото: Принтскрин