Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Вистинско откритие оваа евролигашка сезона, Ти Џеј Шортс не губи надеж дека следниот месец може со Париз да се најде на завршниот турнир на елитното кошаркарско натпреварување во Абу Даби, иако новајлијата во лигата е пред тежок предизвик да слави вечерва против Реал Мадрид во плеј-ин.
Иако постои голема извесност дека евролигашката сезона за Шортс може оваа недела да заврши, четвртиот поентер на Евролигата, според бројот на просечни поени по натпревар, верува дека ни завршниот турнир не е невозможна мисија за Париз.
„Се доживувам како најдобриот плејмејкер во Евролигата. Тоа го кажувам без да го потценувам останатите играчи на оваа позиција, само го изразувам моето лично уверување. Како тим имаме непоколебливо уверување дека сè е возможно ако стигнеме до плеј-офот“, изјави Шортс во дел од интервјуто за францускиот “Екип” пред вечерашниот дуел против Реал во Мадрид.
Фото: Принтскрин