Шоуто на Азар му претходеше на погодокот за Челси: На фудбалерот на Барнли и денес му се „врти“ (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Челси синоќа киксираше на домашен терен против Барнли во многу важната средба од 35. коло од Премиер лигата.

„Плавите“ одиграа само 2:2 и на тој начин значително ги намалија шансите за следната сезона да играат во Лигата на шампионите.

Кога е во прашање самиот меч, треба да се каже дека имаше неколку фантастични потези, а најмногу оној на Азар од 12. минута кога му асистираше на Канте за погодок.

Белгиецот двапати го „прелажа“ својот чувар Ловтон кој можеби не можеше да го погоди ниту клупскиот автобус по мечот…