Шпанците најавија нова „бомба“: Реал плаќа 113 милиони евра за нова ѕвезда од Премиерлигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на Тотенхем, Кристијан Ериксен, на лето заминува од Лондон. Данецот во претходните години ги фасцинираше сите со своите настапи, па негова следна дестинација треба да биде Реал Мадрид.

„Кралевите“ вчера го купија Еден Азар од Челси за 100 милиони евра, а шпанските медиуми пишуваат дека Реал ќе продолжи со трансферите од Премиерлигата.

Нивна следна желба е Кристијан Ериксен, за кого планираат да понудат 113 милиони евра, а Тотенхем ќе ја прифати таа понуда.

Во разговори за данските медиуми, Ериксен призна дека е време за нешто ново, па се прости од годинешниов финалист во Лигата на шампиони.

„Чувстувам дека е момент за нешто ново во мојата кариера“, кажа тогаш Ериксен.