Шпанија ќе настапи на СП без една од најголемите ѕвезди


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот репрезентативец Рики Рубио го откажа својот настап на Светското првенство (СП) во кошарка затоа што имал проблеми со менталното здравје.

Рубио кажа дека решил да ги прекине сите професионални активности во следниот период.

„Сакам да се погрижам за моето здравје, имам проблеми кои не сакам дополнително да еволуираат. Би сакал да се заблагодарам за поддршката која ја добивам“, кажа Рубио.

Кошаркарот на Кливленд кавалирс минатата сезона во просек постигнуваше по 5,2 поени и 3,5 асистенции.