Шпанска мисија на Галијани, дефанзивец пред вратата, поклон од Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Адријано Галијани отиде на Пиринеите, едната работа ќе ја заврши денес, за друга се надева на својот кум, Ариједо Браида.

Милан се обидува да се засили, пари немаат, зависат од продажбата на Карлос Бака кој би требало да потпише за Вест Хем, се работи за 25 милиони евра, а за тој дел од парите Милан ќе го доведе Матео Мусачио.

Одличниот Аргентинец од Виљареал би требало да го формира дефанзивниот тандем со Ромањоли.

Но, тоа не е се, Милан го сака Арда Туран.

Турчинот е на излезни врати од Барселона, Галијани ќе се види со кумот Браида кој сега е трансфер советник во Барселона. Милан се надева дека Туран ќе го доведе на позајмица.