Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ го продолжи договорот со Маурицио Покетино на уште една дополнителна година, односно до 2023 година, но од Мадрид веднаш потоа пристигна информација за Килијан Мбапе.
Шпански „АС“ објави дека Мбапе одбил да потпише нов договор со ПСЖ и тоа значи дека би можел следното лето да замине целосно бесплатно од „Паркот на принцовите“.
Шпанците тврдат дека Мбапе имал разговор со Покетино, а „АС“ пишува дека тој не траел повеќе од неколку минути во кои францускиот напаѓач му порачал на тренерот дека сака да си замине од Париз.
Тоа ќе создаде дополнителен притисок на клубот за да го пушти една година порано од неговиот договор, но не би имале ништо против да им го продадат на „кралевите“ со што ќе се отвори простор за нови засилувања, меѓу кои и Кристијано Роналдо.
Медиумот пишува дека односите меѓу Мбапе и Покетино се одлични, па затоа францускиот напаѓач му кажал дека сака да си замине.