Шпански „АС“: Реал Мадрид идната недела потпишува со одличен напаѓач


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпански „АС“ пишува дека Реал Мадрид идната недела планира да го комплетира трансферот на 21-годишниот напаѓач на Ајнтрахт Франкфурт и Лука Јовиќ ќе стане нов член на шпанскиот тим.

Јовиќ постојано се поврзува со трансфер во европските гиганти, а покрај интересот на Реал, за него беа заинтересирани и Барселона, Ливерпул, Баерн Минхен, но Србинот бил јасен во својот избор.

Трансферот треба да биде реализиран наредната недела, а Ајнтрахт од неговата продажба ќе заработи 60 милиони евра.

Српскиот фудбалер во првата сезона ќе има конкуренција од Карим Бензема, а потоа ќе го предводи нападот на „кралскиот клуб“.

Јовиќ сезонава одигра 47 натпревари и постигна 27 голови и седум асистенции за Франкфурт.