Шпански кардиолог објасни колку е сериозна аритмијата на Агуеро


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро ќе мора да паузира најмалку три месеци поради срцева аритмија, па во следниот период ќе оди на дополнителни прегледи кои ќе покажат за каков проблем станува збор.

Шпанскиот кардиолог Игнасио Фернандез Лопез за „Марка“ кажа дека ѕвездата е во добри раце и неговиот случај не е ист како тој на Кристијан Ериксен, кој едвај се спаси по срцевиот удар на Европското првенство (ЕП).

„Не знаеме сѐ уште од каков вид е срцевата аритмија, мене не ми изгледува дека е вентикуларна. Веројатно се работи за супервентикуларна која не е пронајдена на претходните прегледи. Ако се знае дека ја имал 14 дена претходно значи дека не е нешто премногу сериозно“, вели Лопез.