Шпански ракометар потпиша за Вардар


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Поранешниот ракометен шампион на Македонија, Вардар потпиша договор со шпанскиот ракометар Виктор Алонсо Гарсија.

Вардар потврди дека екс-репрезентативецот на Шпанија е најново засилување на скопскиот гигант.

„Леворакиот бек Виктор Алонсо Гарсија (33) потпиша договор со Вардар и сезонава ќе настапува во „црвено-црниот“ дрес. Тој дебитираше за тимот на турнирот во Струга каде вардарци го освоија првото место“, соопшти Вардар.

Гарсија минатата сезона го носеше дресот на Ромања од Италија.