Шпанските медиуми критикуваат: Анчелоти често го изоставува Модриќ од почетниот состав!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Насловните страници на шпанските, поточно мадридските спортски портали и весници, се резервирани за херојот на тешко изборената победа над Атлетик – Федерико Валверде, кој со гол на крајот од натпреварот ја одржа надежта за титулата жива.

Но, шпанските критичари го фалат и капитенот на Кралевите, Лука Модриќ. Карло Анчелоти го постави хрватскиот играч за врска на теренот од првата минута, па го замени во 78. минута со Арда Гулер, а овој му возврати со својата стандардно сигурна партија.

Марка во својот коментар за натпреварот нагласи дека тимот на Реал обично е подобар кога играта ја диктира хрватската „десетка“.

„Најдобрите минути на Реал Мадрид оваа сезона често се поклопуваат со присуството на Лука на тревникот. Во тим кој понекогаш му недостасува вистинска фудбалска игра, редовно изоставувањето на Хрватот е луксуз кој Анчелоти не би требало да си го дозволи.“

Фото: Реал Мадрид/FB