Шпанците открија како ќе изгледа новиот Реал Мадрид


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Реал Мадрид наредното лето на Зинедин Зидан ќе му даде буџет од 500 милиони евра, за да може Французинот да направи квалитетна екипа, која ќе се бори за трофеите на сите фронтови.

Големи промени ќе бидат направени во екипата на Реал , а во средината од теренот се очекува да пристигнат Адриен Рабио и Пол Погба, додека во клубот ќе остане и Касемиро.

Шпанските медиуми пишуваат дека голманите ќе останат исти, односно Тибо Куртоа и Кејлор Навас, а во одбраната ќе пристигне Матијас де Лихт, додека во дефанзивната ќе бидат и Дани Карвахал, Марсело и Серхио Рамос.

Во нападот би требало да остане Карим Бензема, но би требало да има страшна помош од крилните позиции. Од едната страна ќе биде Еден Азар, додека од другата страна ќе биде Килијан Мбапе.