Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Тепачката во која учествуваа играчите на Партизан (Карлик Џонс, Исак Бонга, Стерлинг Браун и Френк Ниликина) пред еден ноќен клуб во Белград, наскоро ќе добие и правен епилог.
Сега е во тек собирање на докази, по што ќе следи сослушување на сите инволвирани во тепачката.
Тоа за што може да се обвинат кошаркарите на Партизан, особено Карлик Џонс, е учеството во тепачката и нанесување телесни повреди. Во зависност од медицинската документација – ќе биде познато дали станува збор за лесни или тешки повреди.
На снимката која кружи на социјалните мрежи се гледа како Карлик Џонс удира момче во глава со шише. Удреното момче потоа падна, а репрезентативецот на Јужен Судан го гаѓаше со делот кој му останал во рака, што исто така се гледа на снимката.
Инцидентот се случил во „Црногорска улица“ околу 4 часот по полноќ, односно во понеделник рано наутро. Полицијата околу 4:30 добила повик и излегла на терен каде што затекнала тројца повредени мажи.
Хаос пред ноќниот клуб “Bank” рано наутро во понеделник pic.twitter.com/FBR7wbKMNR
— sportsscandals (@sportsscandals1) May 5, 2025
Фото: Принтскрин
.