Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус вчера и официјално објави дека Сари е нов тренер на актуелниот првак на Италија.
Навивачите на Јувентус не се баш задоволни од изборот за нов тренер. Поранешниот тренер на Наполи во минатото знаеше сешто да говори против Јувентус, па навивачите не можат ова да му го простат.
Италијанските медиуми веќе денес шпекулираа околу тоа како би можеш да изгледа тимот на Јуве во наредната сезона, односно кој би можел да си ги спакува куферите и да го напушти клубот.
Сари сигурно ќе бара неколку засилувања, а наводно ќе има и заминувања од Торино.
Според пишувањата на италијанските медиуми, се појави и името на Миралем Пјаниќ кој сепак би можел да го напушти клубот ова лето.
Наводно, Сари сака со себе повторно да го доведе Жоржињо кој летото го доведе во Челси од Наполи. Исто така се шпекулира и враќање на Пол Погба што значи дека некој од везните играчи на Јувентс би можел да си замине.
Медиумите во Италија шпекулираат дека главни кандидати за заминување се Пјаниќ и Емре Чан. Доколку Сари не смета сериозно на нив, тогаш сигурно можеме да очекуваме трансфер на Пјаниќ во друг клуб.