Што ги кочи преговорите помеѓу Нојер и Баерн?

Со оглед дека Мануел Нојер е легенда на Баерн, сигурно е дека навивачите на овој клуб очекуваат да го гледаат во клубот и во наредните години.

Неговиот договор трае до 2021 година, а преговорите за нов договор се во тек.

Наводно, преговорите поминале многу добро, но тогаш преговорите биле „прекинати“ од агентот на Нојер, бидејќи сметал дека должината на договорот што го нуди Баерн не е доволно долга.

Сè уште не е познато каков договор го нуди Баерн на Нојер, и каков договор сака агентот на Нојер, но сигурно е дека медиумите во Германија ќе дознаат брзо.

Нојер во последно време има голем број несогласувања со управата на Баерн, а останува да се види дали на крајот ќе се постигне договор.