Што искоментира Дилета за односот со Златан Ибрахимовиќ?


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Познатата италијанска новинарка Дилета Леота деновиве се поврзува со Златан Ибрахимовиќ.

Ѕвездата на Милан и атрактивната Дилета снимија неколку реклами во минатото, потоа излегоа на вечера заедно, а списанието „Чи“ објави дека Ибра ја посетил Дилета за време на одморот во Сардинија.

Откако завршија на насловната страница на списанието, Дилета зборуваше и ја негираше наводната врска со Златан. Нејзините зборови ги соопшти портпаролот.

„Нема потреба од какви било коментари бидејќи нема никаква поврзаност меѓу двајцата освен професионална соработка“, рече портпаролот на италијанската новинарка во краткото соопштение.

Ибрахимовиќ (38) и Дилета (29), наводно, станале многу блиски за време на снимањето на рекламите. Постојат многу шпекулации дека тие се во врска, а шведските медиуми неодамна пишуваа дека бракот на фудбалерот со Хелена Сегер (50) е доста потресен.

View this post on Instagram

Il primo bagno non si scorda mai ?? #summer20

A post shared by ?Diletta Leotta? (@dilettaleotta) on

Златан и Хелена се во врска 18 години и имаат два сина, Максимилијан и Винсент.