Што ќе каже Ибра на ова? Спектакуларен гол „а ла Елмас“ во МЛС-лигата! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Торонто синоќа на домашен терен убедливо го победија Њујорк сити со 4-0, а беа забележани неколку одлични погодоци.

Торонто пред почетокот на новата сезона остана без најважниот фудбалер Себастијан Џовинко, но за него добија уште подобра замена. „Десетката“ на дресот ја доби Алехандро Поцуело, кој ги воодушеви сите со својата игра.

Домашниот тим победи со 4-0, а шпанскиот фудбалер постигна два гола. Првиот погодок го постигна за 2-0 од пенал, а потоа зголеми на 3-0 и тоа со неверојатен погодок поради кој му аплаудираше цел стадион, а потсети малку и на голот на Елиф Елмас за Македонија против Летонија.

Поцуело во Торонто стигна пред две недели од белгиски Генк и во своето деби покажа дека ќе биде големо засилување.