Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема повеќе не крие дека е заљубен во Американката Џордан Озун.
Бензема веќе со месеци се поврзува со 32-годишната девојка, меѓутоа докази за нивната врска немаше до почетокот на јули кога беа забележани заедно на јахта.
Уште една потврда за тоа дека Бензема ужива во нејзини прегратки пристигна преку официјалниот профил на Џордан, која објави фотографија со фудбалерот.
Бензема засега не ја потврдува врската со 32-годишната Америкјанка, која работи како фото-модел, па често објавува провокативни фотографии и на социјалните мрежи.
Интересно е тоа што францускиот напаѓач сè уште е во брак со Кора Готје со која го има синот Ибрахим.