Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англискиот гигант Челси потроши над 300 милиони евра на засилувања и мора да се пласира во Лигата на шампиони (ЛШ) следната сезона бидејќи во спротивно би можел да се соочи со сериозни проблеми.
Челси за трансферите на Мудрик и Енцо Фернандез вкупно плати 221 милион евра, па ако не се пласира во елитното натпреварување, тогаш најверојатно ќе го прекрши Финансискиот фер-плеј и ќе добие забрана за трансфери.
Раководството на Челси искористи „дупка“ во финансискиот фер-плеј и потпишуваше договори на седум-осум години со фудбалерите, а исто така се договори да исплаќа пари на рати и така избегна последици од УЕФА.