Што ќе се случи со Нејмар?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскaa суперsвезда Нејмар честопати се поврзува со враќање во редовите на Барселона.

Не е тајна дека Барса сака да го врати Бразилецот после три години, а и Нејмар нема ништо против повторно да го носи дресот на Каталонците.

Сепак, тоа нема да се случи летово. Барем така тврди неговиот поранешен менаџер Вагнер Рибеиро.

„Нејмар ќе остане во ПСЖ, бидејќи на крајот на краиштата пазарот е многу поразличен. Економската страна на фудбалскиот свет ќе се промени“, рече тој.

Исто така, Рибеиро потврди дека Реал Мадрид очајно сакал да потпише со Нејмар.

“Неколку пати бев во Мадрид. Флорентино Перез имаше силна желба да го донесе Нејмар. Минатата година седев со него во канцеларијата и тој искрено ми рече дека носењето на Нејмар е негов сон”, додаде поранешниот агент на ѕвездата на ПСЖ.

Францускиот шампион наводно му нуди на Нејмар нов петгодишен договор вреден дури 50 милиони евра годишно, а таквата понуда едноставно не се отфрла.