Што му кажа судијата на Меси за жолтиот картон поради дресот во чест на Марадона? ?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона славеше на домашен терен со 4-0 против Осасуна, а мечот го одбележа Лионел Меси, кој постигна гол за 4-0, а притоа му го посвети на Диего Марадона.

Аргентинецот поради овој потег доби жолт картон, но и покрај тоа, ја воодушеви јавноста со дресот на Марадона од Њуелс олд бојс.

Дури и судијата Лахоз беше воодушевен од потегот на Меси, поради што по мечот му објаснил зошто му дал жолт картон.

Шпанските медиуми откриваат што му кажал главниот судија на Меси, кога му го покажал жолтиот картон.

„Жал ми е поради ова што го правам, но такви се правилата“, кажал судијата.