Што прави Кристијано Роналдо на тренингот на Португалија? (Видео)

Овие две недели ќе нема клупски фудбал, па фудбалерите ќе играат за своите репрезентации во квалификациите за Европското првенство.

Португалија веќе ги започна тренинзите, а вниманието го привлече Кристијано Роналдо кој со еден потег насмеа многу лица.

Имено, фудбалерот на Јувентус од нигде никаде се одлучи да ја помириса косата на Ренато Санчез, а потоа и самиот се насмеа. Чудниот потег на Роналдо веднаш ги обиколи социјалните мрежи.