Што се случува во Бока јуниорс?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неверојатни вести пристигнуваат од Аргентина.

Дури 18 фудбалери на Бока јуниорс се позитивни на коронавирус, потврдено е од овој клуб.

Бока ги прекина тренинзите и целиот тим оди во изолација, а идентитетот на фудбалерите не е откриен.

Десет фудбалери се пријавени дека имаат лесни симптоми, додека осум се асимптоматски.

„Сите ќе останат под строга контрола на изолацијата во согласност со протоколот“, беше наведено од Бока.

Бока треба да ја отвори новата сезона против Либертад од Парагвај, но сега сè е доведено во прашање.

Аргентина има многу хаотична ситуација кога станува збор за коронавирус, а Буенос Ариес сè уште е еден од жариштата.