„Штом почнат со критики, Елмас им ја затвора устата и одговара како лидер на Наполи“

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас пред неколку дена го шокира Милан во дербито против Наполи на „Сан Сиро“, по што почна да добива пофалби од италијанските медиуми, но и од поранешни фудбалери.

Бившиот напаѓач на Наполи, Бепе Инкоцати е уште еден во низата фудбалери кои го пофалија Елмас за неговите настапи, па тој кажа дека Елмас секогаш им ја затвора устата на критичарите.

„Елиф е интересен фудбалер. Секогаш кога некој ќе почне да го критикува, момчето одговара со важен настап како да е лидер на екипата. И нема што повеќе да се каже од тоа што веќе е кажано за него. Елмас има неверојатни технички квалитети и дриблинг“, кажа Инкоцати.

Елмас сезонава постигна шест гола и три асистенции во Серија А и Лига Европа.