Шумахер остана без место во Ф1: Разочаран сум!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Хас објави дека ветеранот Нико Хулкенберг ќе вози за нивната екипа следната сезона во Формула 1, а тоа значи дека ќе нема место за Мик Шумахер.

Синот на легендарниот Михаел Шумахер не ги оправда очекувањата на тимот, па затоа остана без место во Формула 1.

Шумахер е разочаран поради одлуката на Хас и кажа дека заслужува место во „најбрзиот циркус“ во светот.

„Ова ќе биде последна трка за мене со тимот на Хас. Нема да кријам дека сум разочаран од одлуката, но сепак им благодарам на Хас и Ферари за шансата. Неуспехот ќе ме направи посилен“, напиша Шумахер на неговиот профил на Твитер.