Швајнштајгер се прости од репрезентацијата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Досегашниот капитен на Германија Бастијан Швајштајгер соопшти дека се повлече од репрезентацијата.

Се заблагодари на сите на својот Твитер профил, а притоа како најемотивен момент го истакна освојувањето на титулата шампион на светот на Мундијалот во Бразил во 2014 година.

Досегашниот член на Баерн, моментално е во редовите на Манчестер Јунајтед, дебитираше за Елф во 2004 година во пријателски дуел против Унгарија, а вкупно одигра 120 натпревари и посртигна 24 погодоци.

Популарниот Швајни беше капитен во последните две години, откако од истата позиција се повлече Филип Лам.