Швајнштајгер со неочекуван потег: На социјалните мрежи најави дека се повлекува од активното играње фудбал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот интернационалец, Бастијан Швајнштајгер преку социјалните мрежи објави пензионирање од активното играње фудбал.

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед ќе стави крај на професионалната кариера како играч на Чикаго Фајр, клуб кој се натпреварува во МЛС Лигата.

„Драги фанови, времето дојде и јас ќе ја завршам мојата активна фудбалска кариера на крајот на оваа сезона. Сакам да се заблагодарам, на вас фановите и моите тимови, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Чикаго Фајр, и репрезентацијата на Германија. Исто така сакам да и се заблагодарам на мојата жена, Ана Ивановиќ и на моето семејство за поддршката. Велењето збогум на активниот фудбал ме прави да бидам носталгичен, но јас исто така гледам напред кон новите предизвици кои ме чекаат“ –напиша Швајнштајгер.