Швајцарската ѕвезда сака да игра за Косово


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Џердан Шакири во иднина би можел да го промени репрезентативниот дрес.

Шакири игра за Швајцарија, а фудбалерот на Стоук е роден во Косово и има право ако сака да ја смени репрезентацијата.

Јасно дека не може така лесно да се промени репрезентацијата кога се работи за новоформирана држава како Косово.

Шакири е незадоволен затоа што не е капитен, ниту заменик капитен во Швајцарија. Ако репрезентацијата на Косово му го гарантира тоа би бил спремен да заигра за Косово.

„Што ако селекторот на Косово ме сака за капитен? Се разбира дека размислував за тоа“, изјави Шакири.

Порано и Белгиецот, Аднан Јанузај најави дека во иднина би можел да заигра за Косово.