Шведска беше преголем залак, Македонија загуби во првиот меч на СП!

Македонската ракометна репрезентација не тргна најдобро на Светското првенство (СП) во ракомет, откако во првиот меч против Шведска загубивме со 20-32.

Македонија имаше водство на почетокот од 2-1, но потоа Шведска влезе во серија и избега на три гола (7-4), по што до полувремето го зголемуваше водството и замина на паузата со 16-11.

Македонските ракометари не успеаа да се вратат ниту во вториот дел, па предноста на Шведска растеше и до +10 (24-14), а нашите репрезентативци продолжија со грешките, па на крајот загубија со 20-32.