Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Полската тенисерка Ига Швјонтек имаше расправа со новинар на УС Опен.
Швјонтек беше елиминирана во четвртфиналето од Аманда Анисимова со 6:4, 6:3, но инсистираше дека не е преморена.
“Не знам, не ми се чини дека претходните мечеви тука беа исцрпувачки”, изјави Ига.
Новинарот потоа ја праша Ига дали ѝ е потребен ментален одмор.
“Зошто го кажавте тоа?”, запраша Ига и доби контра-прашање дали смета дека има многу натпревари по ред и дали се радува на паузата.
“Тогаш разговарајте со луѓето кои тука го прават распоредот. Дали вам ви е потребен ментален одмор? Изгледате како да ви треба ментален одмор”, рече Ига.
“Да, изгледа”, одговори новинарот.
“Па што тогаш работите тука?”, инсистираше Ига.
Видео од ситуацијата. pic.twitter.com/wIFgI5MGgS
— Жозе Моргано (@josemorgado) 4 септември, 2025
Фото: Принтскрин