Силекс на пенали го освои Купот по 24 години!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Силекс по пауза од 24 години повторно го освои Купот на Македнија откако беше подобар од Академија Пандев со 4-3 на пенали.

Несреќникот од редовите на Академија Пандев беше Кристијан Велиновски, кој ја погоди пречката во последната серија и не му помогна на својот тим да остане во пенал-рулетот.

Двете екипи погодуваа до третата серија, но потоа промаши Пепи Георгиев кај Силекс, а Бојан Димовски врати со иста мера и утна пенал.

Во последната серија Даниел Карчевси погоди за тимот од Кратово, по што следеше промашувањето на Велиновски.