Силекс со бод се враќа од Тетово, Шкупи го потопи Борец


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес се одиграа пет натпревари од првата македонска фудбалска лига, а меѓу нив беа две дерби пресметки, од кои едната помеѓу Шкендија и Силекс.

Шкендија беше голем фаворит најмногу поради актуелната форма против Силекс. Силекс три натпревари во низа запишуваше порази, додека Шкендија игра во добра форма и е лидер. Меѓутоа гостите од Кратово денес се враќаат со бод од Тетово. Шкендија до водство стигна во првото полувреме, а покрај водството тие имаа и играа, создаваа шанси. Сепак, не ги искористи, а Силекс тоа го казни во финишот од полувремето кога успеа да го изедначи.

Во второто полувреме Силекс во 59. минута остана и без Кристијан Костовски кој заработи црвен картон. И тоа не беше доволно за Шкендија да го скрши отпорот.

Во останатите натпревари Македонија Ѓ.П со 2:0 славеше против Струга Трим Лум, Шкупи со 3:0 го совлада Борец, додека Работнички и Академија Пандев одиграа 0:0, а Беласица одигра 1-1 против Ренова.