Силен ветар за малку ќе го скршеше трофејот на ЕП! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Европското првенство (ЕП) на кое ќе настапи Македонија требаше да се одржи минатата година, но пандемијата на ковид-19 ги промени плановите на организаторите и УЕФА мораше да го одложи натпреварувањето за оваа година.

Сите со нетрпение го очекуваат почетокот на ЕП на кое ќе ги гледаме најдобрите репрезентации, а стартот е закажан за 11 јуни и ќе се игра цел месец.

Завршните подготовки за ова големо натпреварување траат, а УЕФА наскоро треба да објави и конечен список на градови кои ќе бидат домаќини.

Вчера се случи малку необична ситуација на стадионот во Букурешт, од каде што во живо се јави една новинарка.

Поради силниот ветар падна банерот, кој се наоѓаше зад новинарката, а притоа падна и трофејот, кој за среќа не беше оштетен.